Весна Петрушевска е една од ретките која реши јавно да проговори за настанот кој му се случи на нејзиното дете, 12 годишната Мина.
Настанот кој несомнено ќе го одбележи животот и на мајката и на ќерката, предизвика бура од реакции на интернет, најголемото сред село на новото време.
Реакциите на нејзиното отворање на душата беа секакви, од крајно сочувствителни, утешни, па се до крајно дрски и безобразни.
Весна вака реагираше на сите душегрижници кои се осмелија да плукаат и по неа, и по нејзината реакција, а некои дури и до самото невино дете.