Апликацијата за допишување под името “Strings”, ќе им овозможи на корисниците да избришат порака која веќе ја пратиле, дури иако примателот веќе ја прочитал.
Оваа апликација има бројни опции, но ова е дефинитивно тоа што се чекаше. Во превод името на апликацијата значи „конци“, а мотото е „Ти ги држиш сите конци“ и имплицира дека ќе можете да избришете се поради што сте се покајале.
Сепак, иако пораката може во целост да се избрише од вашиот телефон и од оној кој ја примил, тоа не значи дека не може да се направи принтскрин или копирање на истата.
Доколку пак одма сте се сетиле во истиот момент дека на погрешно лице сте пратиле порака има трик и за тоа
Трикот е навистина едноставен, но ќе морате да реагирате брзо за да ја спречите пораката да излезе од вашиот телефон. Доколку испратите порака по грешка, се што треба да направите е брзо да изреагирате и да го префрлите вашиот телефон на авионски режим. Ќе добиете известување дека пораката не е испратена, а после тоа можете да ја избришете или да ја испратите на некој друг.
Овој трик би требало да функционира кај сите уреди, без разлика дали станува збор за iOS или Android оперативниот систем.