Сте пробале ли мохито со јагоди? Еве како се подготвува

Состојки за еден пијалок:

5 јагоди1 рака нане
80 мл шербет
60 мл рум
сок од половина лимон
минерална вода
кришки зелен лимон и јагоди за декорација

Подготовка:

Во голема чаша ставете ги јагодите, нането и неколку коцки мраз. Со тап кујнски предмет исчукајте ги состојките.

Потоа, додадете ги румот, шербетот и лимоновиот сок.

Течноста претурете ја во чаша и дополнете ја со минерална вода. Декорирајте со засечени парчиња јагоди и нане.