Сте се запрашале ли зошто се будите неколку минути пред вашиот аларм

Ви откриваме неколку интересни факти за сонот кои сигурно не сте ги знаеле.

Најпознатиот рекорд без спиење го држи Ренди Гарднер од САД кој на 17 годишна возраст успеал да остане буден 264 часа во текот на едно научно истражување во 1964 година.

Потребни се само 4 дена без сон за да почнете да халуцинирате.

Стравот од спиење се нарекува клинофобија, која претставува интензивен страв од одење во кревет.

Оваа фобија е многу ретка појава.

Уште еден интересен факт е поврзан со будењето. Сигурно ви се случило да се разбудите само неколку минути пред вашиот аларм. За тоа можете да се заблагодарите на малиот хормон во човековото тело кој се нарекува аденокортикотропин.

Овој хормон се смета за интерен човечки аларм кој се активира неколку часови пред будењето.

Научниците сметаат дека овој хормон го припрема телото за стресни и напорни активности кои следуваат во текот на денот.