Стресот понекогаш е заразен, внимавајте!

Стресот може да биде заразен, а полесно се пренесува во случаи кога под стрес е нашата сакана личност, отколку некој странец.

Стресот е најспоменуваната болест на денешницата, а германските научници утврдиле дека постои т.н. емпатичен стрес кој настанува кога посматраме некој кој се наоѓа во стресна ситуација.

Нашето тело во тие моменти почнува да го лачи хормонот на стрес кортизол и всушност излегува дека стресот е заразен.

Тим на научници предводени од Таниа Сингер, директорка на Одделот за социјална неуронаука на институтот Макс Планк во Лајпциг ставиле 151 личност во стресна ситуација како комплицирани аритметички операции или разговор за работа.

Тестираните личности ги гледале во монитори, нивните партнери или странци од спротивен пол.

Вкупно 26% од посматрачите покажале значајно зголемување на кортизолот. Меѓу парнерите, за 40% стресот бил заразен, а 10% за странците.

„Тоа значи дека на нас дури и телевизиските програми кои прикажуваат луѓе кои патат можат да го пренесат нивниот стрес“, изјавила Вероника Енгерт, една од научниците.