Строги правила за принцот Џорџ: На училиште не смее да има најдобар пријател, еве и зошто

Принцот Џорџ тргна во училиште, а на првиот училишен ден пристигна со неговиот татко, принцот Вилијам.

Една недела подоцна излегуваат детали за школувањето на малиот принц.

Освен тоа што нема да му се обраќаат со неговата титула „принц“, туку во училиште оди како Џорџ Кембриџ, тој не смее да има ни најдобар пријател.

Овој пат не станува збор за строга кралска наредба туку политика на училиштето.

Училиштето функционира така што сите деца во него мора да поминуваат време заедно и на родендените и забавите сите се дружат и одат заедно или никој нема да оди.

„Тоа е многу традиционална школа. На секој ѕид има плочки со пораката: „Бидете љубезни кон сите“. Тоа е нивната етика. Тие не веруваат дека детето треба да има најдобар пријател“, открива новинарката Џејн Мур.