Сумата ќе ве шокира: Колку пари потроши Кејт Мидлтон на облека во 2016 година

Kејт Мидлтон е позната по тоа што често носи облека во која и претходно се има појавено во јавност, па затоа вистинско изненадување е фактот дека таа во 2016 година преферирала ултра-скапа облека.

„Daily Mail“ пред крајот на годината пресметаа дека гардеробата на војвотката од Кембриџ за 2016-та чинела околу 200.000 евра, четири пати повеќе од минатогодишната сума потрошена за истата намена – околу 50.000 евра.

стилот на кејт мидлтон

Само гардеробата што Kејт ја носела на кралската посета на Канада чинела неверојатни 73.000 евра.

Кога ќе се земе предвид дека парчињата облека за тоа патување се со потпис на дизајнери како Александар Меквин, Долче и Габана, Џени Пекам, Зара, Каролина Херера, заедно со цела низа брендирани чевли, крајната сума и не изгледа толку шокантно.

кејт мидлтон облека канада

Годинава Кејт Мидтол беше и во официјална кралска посета и на Индија и Бутан. На тоа патување, гардеробата што ја носела чинела 41.000 евро.

стилот на кејт индија