Потребни состојки:
10 земички со цврста кора
200 грама сецкан кромид
100 грама суви сливи
1 лажица мелен црвен пипер
600 грама компири
140 мл сок од домат
маслиново масло
бибер
сув зачин
Подготовка:
На масло издинстајте го кромидот, додадете го црвениот пипер и чаша вода, додадете ги и исецканите сливи. Гответе пет минути. Додајте го сецканиот компир, налејте вода за да го прекрие компирот, додајте сос од домати. Гответе 40 минути. На земичките отсечете им го врвот, отстранете ја средината и ставете ги во рерна на 180 степени, 5 минути. Во земичките ставете ја смесата и послужете.