Super Bowl 2018: Дете од публиката го засени шоуто на Џастин Тимберлејк (видео)

Рајан Мекена стана вистинска интернет атракција и буквално го засени настапот на Џастин Тимберлејк на Super Bowl.

13-годишното момче ја искористи приликата за време на настапот на пејачот да направи селфи, а потоа гледа во сликата додека пејачот игра покрај него и е во фокусот на камерите.

Младиот Рајан беше толку возбуден што се сликал со Тимберлејк, што го пропушти остатокот од неговото шоу, кое што се одржуваше на неколку сантиметри од него.

Целата сцена претставуваше неисцрпна инспирација за илјадници мемиња кои се појавија по социјалните мрежи.