Супер зачин: Со една лажичка дневно, збогувајте се од масните наслаги!

Со зимата, неизбежно е и таложењето на килограмите.

Но, ако секој ден јадете само една лажичка од овој зачин, нема да добиете ниту еден грам сало.

Ким е еден од најстарите познати зачини кој се користел уште пред повеќе од 5.000 години, а сега е докажано и дека е делотворен во борбата со вишокот килограми.

Научниците од Универзитетот за медицински науки во Иран спровеле интересно истражување.

Тие формирале две групи, а секоја се состоела од 4 жени кои имаат проблем со дебелината или вишокот килограми.

Во периодот од три месеци, и на едната и на другата група им било дадено мени по кое требало да внесуваат 500 калории дневно помалку.

Првата група испитаници во тоа време јаделе три грама ким во прав дневно, измешан во 140 грама јогурт. Втората група на жени ја конзумирала истата количина на јогурт без додаток на ким.

После три месеци, жените од првата група, која конзумирала јогурт со додаток на ким, изгубиле околи 1-4 килограми повеќе од испитаниците од втората група. Истражувањето е уште поовеќе импресивно кога ќе се земе во предвид податокот дека учесничките од првата група изгубиле 14,64 % повеќе маснотии од оние од другата група.

Како дошло до големи промени во килажата од само една лажичка ким дневно? Овој зачин содржи филострероли – растителни хемикалии познати по тоа што го спречуваат задржувањето на холестеролот во организмот.

Затоа што се работи за прва студија која докажува дека овој зачин помага при слабеењето, научниците сметаат дека тоа се случува и затоа што се забрзува метаболизмот.

Сакате да го пробате чудотворното делување на кимот на килажата? Со оглед на тоа што обичниот јогурт не е баш најдобра идеја за конзумирање на овој зачин, постои многу повкусен начин на кој можете да ги искористите неговите благодети.

Додајте неколку лажички ким во прав во вашето омилено јадење од печен зеленчук. Кимот одлично се согласува со слаткиот компир, тиквата, морковот, тиквичката и карфиолот.

Кимот исто така можете да го додадете и во мешавина од лук во прав и кромид и пиперка во прав за да направите свој зачин за вкусно мексиканско тако. За сендвичи и сосови додајте малку ким во правза во мајонезот. Во благиот сос од авокадо додајте лажица или две ким за подобар вкус.

Исто така, можете да го комбинирате со печени леблебии и ореви.