Супермоделот Миранда Кер и бизнисменот Иван Шпигел станаа родители

Само една година после луксузната венчавка, супермоделот Миранда Кер и бизнисменот Иван Шпигел станаа родители. Преубавата манекенка Миранда Кер, која е најпозната како поранешниот ангел на Викторија Сикрет се породи пред три дена во приватна клиника во Лос Анџелес.

Преубавата манекенка, Миранда Кер на свет донесе момче. Според пишувањата на TMZ, славниот пар одлучи бебето да го носи името според дедото на Иван, односно малото момче ќе се вика Харт.

Се смета дека славниот пар сакал да ги изненади пријателите и семејството, со оглед на тоа дека многумина сакале девојче, така што ова било вистинско изненадување.

Особено поради тоа што Миранда веќе го има 7 годишниот син Флин кој го доби од бракот со глумецот Орландо Блум .