Бијонсе минатиот месец на свет ги донесе близнаците, кои вешто беа скриени од јавноста како и целото породување на ѕвездата.
Сепак пејачката денес реши да направи хаос на социјлните мрежи и на Инстаграм ја објави првата фотографија од бебињата.
Сер и Рими се наоѓаат во рацете на Бијонсе која позира во цветен фустан, додека целата атмосфера е во тој тон.
Да се потсетиме, пејачката на овој начин ја објави и втората бременост!