Во светските медиуми денеска одекна веста дека Клое Кардашијан имала рак!
Реалити ѕвездата на својот блог реши да раскаже за нејзиниото искуство со рак на кожата и да ги поттикне своите фанови да се проверат од ова заболување.
„Го пишувам овој пост со надеж дека мојата приказна ќе допре дел од вас и ќе одите на доктор ако имате забележано дека нешто се случува со вашата кожа. Јас поминав низ тој процес неколку пати и сега сум многу благодарна бидејќи моите бемки повеќе не се заболени со канцер. Но, и покрај тоа јас на мојот грб имав бемка која ми предизивика рак на кожата. Ми беше отстрането 20 цм кожа, процес кој беше болен, но не и многу страшен. Од тогаш веќе со години немам таков проблем, но сакав да го споделам ова искуство со вас. Па доколку забележите дека нешто не изгледа како што треба, превземете акција за вашето здравје“, напиша Клое.
Инаку таа не е прва славна личност која призна дека имала рак на кожата.
Актерот Хју Џекман досега неколку пати направи операција за канцер на кожа.