Состојки:
Свинско филе – 12 помали парчиња
1 чешне лук
1 прстофат чили
20 парчиња црна маслина
2 свежи домати
1 прстофат оригано
12 парчиња чаден кашкавал
100 мл бело вино
Сол и бибер по вкус
Подготовка:
Измијте ги доматите, исечете ги на половина и отстранете го семето. Исечкајте ги и лукот и маслините.
Сите горенаведени состојки ставете ги во чинија и зачинете ги со толчено чили и оригано. Посолете по желба.
Месото печете го во загреана тава, по три минути од обете страни. Додадете го белото вино и оставете го целосно да испари. Исклучете го огнот.
На секое парче месо ставете од смесата со домати и маслини и парче димен кашкавал.
Поклопете ја тавата и оставете да отстои 5 минути.
Послужете додека е топло.