Британски „Daily Mail“ денеска излезе со ексклузивни, досега не видени фотографии од Мерлин Монро.
На истите легендарната актерка е бремена!
Фотографиите се направени во јули 1960-та година во Њујорк. Бремената Монро тогаш имала 34-години, а била мажена за Артур Милер.
И покрај нејзиниот брачен статус, се верува дека актерката била бремена од нејзиниот колега Ивс Монтанд со кого работеше на филмот „Let’s Make Love“.
Иако на фотографиите јасно се гледа бременоста на Монро, таа набрзо потоа го изгубила детето.
Сеуште не е познато дали станува збор за спонтан абортус или намерно прекината бременост, но сепак тајната остана сочувана.
Овие фотографии беа продадени на аукција минатата година.