Американска пејачка и актерка Мајли Сајрус наводно се омажила со својот дечко Лијам Хемсфорт, за време на новогодишната вечер.
Магазинот “NW” тврди дека парот приредил тајна церемонија во Сан Диего, на која присуствувале само членовите на семејството.
“Сѐ се одигра во последен момент. На семејствата им беше кажано само неколку часа пред венчавката. Целото семејство на Лијам долета во Сан Диего, а тука беше и семејството на Сајрус. Изгледа дека тоа било идеално време, додека сите биле на куп”, тврди извор близок на парот.
Изворот тврди дека Мајли и Лијам сами ги напишале свадбените завети за свеченоста, кажувајќи си еден на друг дека се сродни души.
Покрај тоа, тие наводно имаат желба што поскоро да основаат и семејство.