Тајната на Принс: Пејачот бил колекционер на златни шипки

Познатиот музичар Принс, кој почина во април 2016 година, оставил зад себе огромно богатство.

Меѓу другото, бил колекционер на златни шипки.

25 милиони долари во недвижности и кеш и 67 златни шипки, оставил Принс, објави Си-ен-би-си.

Она што поседувал музичарот јавно било претставено на суд, при што било утврдено дека во неговиот дом во Минесота чувал 67 златни шипки вредни 836.000 долари.

принс

Имотот му е проценет на 25 милиони долари, а било утврдено и дека имал 110.000 долари на четири банкарски сметки и повеќе од 6 милиони долари во неговите компании.

Но, пописот на имотот на Принс се уште не е завршен, бидејќи допрва ќе се проценувала вредноста на неговите 18 автомобили, музичкиот каталог, инструментите, накитот и авторските права.

принс