Снепчет пред неколку години ги промовираше пораките што сами исчезнуваат, па оваа опција стана многу популарна меѓу корисниците зошто им овозможи повеќе слобода во праќањето фотографии и видеа без да се плашат дека ќе ги види некој друг.
Оваа опција ќе биде достапна и на Вибер.
После снимањето на видео или фотографија, во горниот десен агол ќе ви се појави икона со часовник со помош на што корисниците ќе можат да одредат колку време да биде достапна фотографијата или видеото.
Иако Вибер касни со претставувањето на оваа опција, сигурно многу брзо ќе стане популарна.