Состојки:
350 г мелено телешко месо
2 шолји зелени и црвени бабури, сечкани
2 шолји салца
1/4 шолја свеж коријандер, сечкан
4 шолји марула, сечкана
2 домати, сечкани
1 шолја чедар кашкавал, рендан
1 шолја тортиља чипсови, кршени
1/4 шолја млад кромид, сечкан
Подготовка:
На тефлонска тава, на среден оган, пропржете го месото со бабурите. Потоа додадете салца, и мешајте додека не почне да врие. На крај додадете го коријандерот.
На четири чинии ставете од марулата, а врз неа ставете од месото. Додадете ги доматите, чедарот, тортиља чипсовите и кромидот.