Ета Чок Ли, ќерката на славниот актер Џеки Чен е бездомник и живее под мост заедно со својата девојка Енди.
Ета минатата на социјалните мрежи објави дека е бездомник благодарение на своите хомофобични родители.
“Здраво, јас сум ќерката на Џеки Чен а ова е мојата девојка Енди. Бездомници сме веќе еден месец, поради моите хомофобични родители. Спиеме под мостови! ” – истакна Ета во видеото и побара помош.
Младите девојки велат дека се исфрлени на улица поради нивната љубовна врска,а до државните засолништа во Хонк Конг не се доближуваат поради страв дека ќе бидат разделени.
Џеки Чен ја добил Ета за време на кратката афера си Елејн Ји – Леи, кинеска актерка и поранешна Мис Азија, а нивната врска ја нарече „ужасна грешка“. Ета со таткото немала никаков контакт, а своевремено објави дека додека е жива мајка и неа не и треба татко.
По објавата на видеото, мајката на Ета во интервју за порталот “Coconuts” ја демантирала својата ќерка и и порачала дека наместо да бара пари преку видео, да најде работа.