Татко го пронашол својот изгубен син по 24 години (ФОТО)

Татко од Кина го изгубил својот тригодишен син на прометна улица во градот Шиан во 1994 година, а конечно успеал да го пронајде по 24 години.

Солзи радосници ја одбележале средбата на таткото Ли Шунји со своето изгубено дете. Денес синот има 27 години.

Детето и таткото се разделиле на 8-ми август 1994 година, а во петокот потрагата била завршена по успешна идентификација со помош на ДНК анализа.

“Излегов од дома за да продавам предмети на мојот штанд. Не сфатив дека син ми ме следи, а дознав дури кога сопругата дојде до моето работно место. Нозете веднаш ми откажаа”, се присетил Ли низ солзи.

Изгубеното дете го пронашол пар, а откако тие не успеале да го пронајдат неговото семејство, го земале со себе и за среќа го одгледале како свое дете.

“Комуникациските технологии тогаш не нѝ овозможуваа да побараме помош”, изјавил Ли.

Таткото одлучил да го продаде својот штанд и да патува низ целата земја во потрага по синот. Тој испечатил 180 илјади известувања за исчезнати личности и ги носел во ќеси низ цела Кина, до секоја покраина. За три месеци изгубил 27 килограми.

“Постојано си велев дека не смеам да се откажам. Морав повторно да го видам својот син”, изјавил Шунји.

Среќата конечно стигнала кога полицијата успеала да го идентификува Ли Леи во ДНК базата за исчезнатото дете. Кога следел свечениот момент на соединување на таткото и синот, Ли повеќе не можел да издржи и почнал да плаче. Таткото паднал на колена пред својот син.

Фото: Asia Wire