Меган Маркл неодамна се здоби со титулата војвотка и член на кралското семејство, но приказната престана да биде бајковита откако нејзиното семејство замеша прсти.
Нејзиниот брат и полусестра на секој можен начин се обидуваат да и го нарушат угледот. Драмата ескалираше кога нејзиниот татко соработуваше со папараци кои му платија за лажни фотографии.
Томас Маркл не се појави на венчавката на Меган и принцот Хари со оправдување дека имал оперција на срцето. Но по истражувањето кое го направија британските медиуми, оваа информација најверојатно е тотална измислица.
Daily Mirror пишува дека Томас ја измислил операцијата на срце се со цел да не се појави на венчавката на својата ќерка.
Во болницата каде тој изјавил дека е опериран, потврдиле дека воопшто не бил примен пациент под ова име.