Родителите се должни своето дете да го растат во среќна и здрава околина, па овие неколку интересни предлози ќе ви помогнат вашето дете секогаш да биде среќно и насмеано.
Овие неколку предлози задолжително морате да ги примените во следната прилика и верувајте дека резултатот ќе биде неверојатен.
- ако детето црта по ѕидовите, купете му нови боички
- ако почне да скока по кревет, придружете му се
- ако јаде со виљушка, покажете му како да јаде со раце
- ако посака да шлапка по дождливи вирчиња, придружете му се
- ако по играње во двор се врати внатре чисто, пуштете го да игра додека не се извалка
- ако е тивко и мирно, направете си маскенбал иако можеби не е 1 април
- ако сака за ручек да јаде сладолед, придружете му се и вие
- ако вашето дете е поинакво од останатите, бидете среќни и гордејте се со него