Tesla сака да ја преполови цената на батериите

Имаше големи очекувања од Tesla на Battery Day годинава, но никој не сфати колку навистина ќе бидат битни најавите од компанијата. Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, најави намалување на цената на батериите од 50% по килова-час. Тоа би било феноменално достигнување и ќе биде далеку над предвидувањата од индустријата, а може да резултира и со револуционерно намалување на цената на електричните автомобили.

Поевтинувањето на батериите на Tesla нема да биде резултат на само едно технолошко достигнување, туку на иновации на неколку клучни полиња: дизајн на ќелиите, иновации на материјалите за аноди, промена на материјалите за катода, промена на начинот на интегрирање на батериите во автомобилите итн.

Како што и беше предвидено, Tesla силно навлегува на пазарот за батерии и ќе произведува многу свои ќелии во иднина. Но, никој не предвиде како плановите на Tesla ќе ги сменат сите аспекти на тоа како се прават батериите и како се интегрираат во автомобилите. Тоа значително ќе ја намали цената на на батериите, и тоа многу порано отколку што предвидуваа аналитичарите досега.