Одговор 1:
„Во недела се излежувам до пладне, а остатокот од денот го поминувам во пижами.“
Би требало да внимавате на што и на кој начин ја трошите вашата енергија во текот на работната недела. Би било добро да стекнете навика секој ден да одмарате макар по 15-30 минути. Не мора да спиете, само лежењето ќе ви влијае на вашето ниво на енергија. Запрашајте се колку вистинско задоволство имате во вашиот живот. Колку сте задоволни? Каков е вашиот однос со најблиските?
Одговор 2:
„Веднаш по станувањето го средувам станот, собата, пуштам правосмукалка, бришам прашина… Иако станувам рано, не престанувам додека не средам сѐ, што обично трае докај 13-14 часот. Дури откако се е средено јадам за првпат.“
Дали толку брзате и кога се во прашање останатите работи? Вие сте веројатно една од оние личности која себеси не си ги опростува грешките. Дали сте сигурни дека си давате доволно право на задоволство? Дали сте сигурни дека мислите дека заслужувате задоволство? Работните навики се едно, а малку манијакалната потреба за што побрзо завршување на обврските е нешто сосема друго. Размислете во која група спаѓате. За почеток, опростете си себеси сѐ што не сте си опростиле досега. Не сте вие одговорни за сѐ!
Одговор 3:
„Недела? Најчесто ја преспивам. Едвај чекам да пројде. Станувам од кревет после пладне, јадам, мијам коса, ја спремам облеката за утре и пред 10 пак сум во кревет.“
Освен ако не е во прашање неверојатен умор од работа во текот на работната недела и се случува ретко, ова „неделно однесување“ најчесто укажува на бегање. Тоа може да биде бегство од потиснато незадоволство со некој сегмент во животот. Причините можат да бидат различни и многубројни. Сепак, ова најмногу зборува за начинот на кој личноста се носи со незадоволството. Во овој случај укажува дека личноста одбрала најдобро што знае и да умее да избега од проблематичните зони и да чека проблемите да се решат сами од себе. Овие личности често мислат дека „веројатно сѐ ќе си дојде на место само од себе“.
Одговор 4:
„Во недела станувам малку подоцна од вообичаено, сакам добро да се наспијам. После појадокот имам ‘опуштен план’, тоа може да биде прошетка со пријатели или пак со сопругот/сопругата и/или децата; навечер одам на кино или во театар, а понекогаш ги викам најблиските на ручек, особено кога е убаво времето, па пола од денот можеме да го поминеме надвор.“
Може да се каже дека сте ја одбрале вистинската мерка кога е во прашање рамнотежата помеѓу работната недела и крајот на викендот. За разлика од личностите кои едвај чекаат неделата да пројде или да се зафатат со дополнителни обврски, вие знаете да ги искористите благодетите на овој неработен ден. Веројатно имате стабилни односи со важните луѓе во вашиот живот и токму тие личности се вашата најголема поддршка и потпора. Многу е веројатно дека сте пораснале во традиционално семејство и дека и како возрасни се трудите да го пренесете тој животен стил на вашите најблиски.