Познатата фолк пејачка се погрижи доживотно да и обезбеди удобност на својата мачка Маза. Кралицата на народната музика во тестаментот кој неодамна го напиша го услови својот наследник да може да располага со нејзиниот имот под услов да се грижи за Маза.
“Маза ја имам 3 години и е навистина посебна. Добра е и паметна. Се плашам да не отидам на оној свет пред неа па да остане без грижата на која е навикната. Затоа во мојот тестамент во кој својот имот му го оставам на внук ми, го условив да се грижи за Маза” – изјави Лепа за магазинот Глорија.