Тинејџери пукале во кенгур! Tој им врати со ќотек!

Тинејџер, кој со својот брат отишол на лов на кенгури во Западна Австралија, бил претепан од кенгур.
Откако Џошуа Хајден и неговиот брат пукале кон кенгурот, тој прво удрил врз нивниот автомобил и го скршил совозачкиот прозорец, а потоа го нападнал момчето и му нанел повреди во пределот на вилиците и очите.
Како што раскажуваат момчињата, тие претходно пукале од возилото кон два кенгура што биле во непосредна близина. Едниот од нив притоа се разбеснил и тргнал кон нив.
Момчето по нападот накусо останало без свест, а потоа било однесено в болница, каде лекарите утврдиле дека е неопходна операција поради отокот.