Сер Том Џонс пред една година ја изгуби својата сопруга Линда, а медиумите наведуваат дека сега е во врска со поранешната сопруга на Елвис Присли, Присила Присли.
Пејачот беше скршен кога неговата сопруга со која беше во брак цели 59 години, ја изгуби борбата со ракот .
Извор тврди дека Присила била најголемата подршка на пејачот.
Дека нешто се случува потврди и Том.
„Ние сме пријатели одамна. Таа е прекрасна дама и уживаме во заедничките вечерни дружења“.
Парот минатиот месец беше фотографиран како заедно влегува во ресторан во Холивуд.