Том Џонс за врската со Присила Присли

Иако папараците, ги фотографираа Том Џонс и Присила Присли додека заедно напуштаа еден познат ресторан во Лондон, британскиот пејач тврди дека со вдовицата на кралот на рокенролот Елвис Присли се само долгогодишни пријатели.

Иако веќе еден месец се шпекулира дека Том Џонс и Присила Присли се во емотивна врска, пејачот конечно решил да проговори.

„Не знам како Елвис би реагирал да знае дека Присила и јас често се дружиме. Ние со години сме добри пријатели, но никогаш не сме биле во врска. Мило ми што нашето пријателство опстана и покрај се“,рекол музичарот, кој пред една година стана вдовец.

том џонс и присила