Том Хенкс им подари кафемат на новинарите во Белата Куќа

Оскаровецот Том Хенкс третпат подари кафе машина на акредитираните новинари во Белата куќа.

Гестот му е поддршка на слободата на говорот.

Апаратот е придружен со порака до новинарите да продолжат со „фер борба за вистината, правдата и американската традиција“.

Актуелниот претседател Доналд Трамп е познат по жестоките напади против некои од најпознатите медиуми во САД.

том хенкс кафемат

Тоа не првиот подарок кој Хенкс им го дава на новинарите, кои известуваат за работата на претседателската администрација.

Првиот кафемат актерот го подари во времето на Џорџ Буш помладиот, откако со изненадување дозна дека немаат таков.

Вториот го подари додека претседател на САД беше Барак Обама, а причината беше дека првиот беше премногу „уништен“ и на шега ги прекори новинарите за неговото лошо одржување.

том хенкс