Хвар е дестинацијата каде ќе се снима акциониот трилер „Black money games“ во режија на Адам Рајт, а во кој со легендарниот Том Хенкс ќе глуми и српската актерка Катарина Радивојевиќ (Зоне).
Радивојевиќ, која освен со глума се занимава и со продукција, за „Јутарњи“ открила детали за филмот.
– Главен продуцент е Џои Туфаро, во чии филмови играле ѕвезди како Хали Бери, Арнолд Шварценегер и Кристифер Вокен. Хрватска ќе биде во филмот не само како локација, туку и низ значајни случувања – посочила Радивојевиќ.
Катарина е наградувана 38-годишна актерка, најпозната по улогата на Зоне во филмот „Зона Замфирова“. Актерката живее и работи во САД а повремено работи и на проекти во својата земја.