Односот на Том Хидлстон и Тејлор Свифт се покажа како еден од најпознатите и најпишуваните во медиумите.
Конечно Том одлучи да ги искоментира односите со поп ѕвездата.
“Веќе живееме во свет во кој секој телефон има камера. Бучавата околу мене не е нешто што ме изненадува, тоа се случува со секоја јавна личност.”, изјави актерот.
Тејлор и Том станаа двојка малку по крајот на нејзината 15-месечната врска со Калвин Харис.
Том е подготвен за сериозна врска со пејачката и извор до ѕвездите објаснил дека “планирал да ѝ понуди брак во најскоро време”.
Двојката помина динамичен месец заедно, патувајќи до Англија, Италија, и Австралија.
Токму на овие патувања двајцата ги запознаа родители еден со друг.
Во исто време двојката не е фотографирана заедно од крајот на јули, откако Том отиде да го снима “Thor: Ragnarok”.