Двојна трагедија го погоди семејството на актерката Кери Фишер, откако само еден ден по нејзината смрт, почина и нејзината мајка, Деби Рејнолдс.
Рејнолдс починала вчера попладне, по срцевиот удар кој го добила во куќата на својот син Тод Фишер.
84-годишната актерка го организирала погребот на Кери, кога и се слошило, по што веднаш била пренесена во најблиската болница.
„Многу ми недостига, сакам да бидам со Кери“, се зборовите кои Рејнолдс му ги кажала на синот Тод, во текот на вчерашното утро.
Деби Рејнолдс беше вистинска холивудска легенда, која ќе ја запаметиме по улогата во култниот „Singing in the Rain“, но и по низа други улоги кои ја одбележаа нејзината кариера.