Сите знаеме колку водата е значајна за нашиот организам. Општо профатено правило е дека за добро хидрирање на организмот, потребно е на дневна основа да се внесуваат отприлика по осум чаши вода.
Сепак, експертите тврдат дека многу поважно е да научите како да го слушате своето тело за самите да ја одредите потребната количина течности што му е потребна.
Научници од Австрија потврдиле дека во истиот момент штом вашето тело нема веќе потреба од вода, вам ќе ви биде потешко да голтате.
Потребно е да научите како да ја препознавате оваа состојба и да пиете вода кога сте жедни, а не по однапред утврден распоред.
Научниците за потребите на истражувањето побарале од 20 испитаници да пијат вода во две ситуации – по напорно вежбање, кога биле многу жедни, и потоа уште еднаш, кога не биле жедни и морале со сила да се тераат.
Во вториот случај, испитаниците морале да дадат трипати повеќе напор за да ги испијат последните голтки, што е јасен знак дека телото реагира негативно на претераната консумација вода така па ви е потешко да ја внесувате.
Секако не треба да заборавите на правилото за 8 чаши вода на ден, но доколку некогаш ви се чини како да ви е потешко да голтате, престанете и обидете се повторно подоцна.
Ова правете го се додека не научите како самите да го слушате телото и да реагирате во однос на неговите потреби.