На 67-годишна возраст музичката легенда Стиви Вондер планира да се венча по трет пат.
Новата сопруга ќе биде 42-годишната Томика Брејси, која е мајка на неговите две најмали деца.
Свадбата ќе се одржи во јуни во Јамајка,а поканети се имиња како Сер Елтон Џон и Сем Смит.
Извор изјави дека листата на гости е мошне импресивна, а на самиот настан се предвидува да има неколку изненадувачки изведби.
Освен некои од мистериозните изведувачи на празничниот ден, младоженецот исто така, планира да се качи на сцената.