Џорџ Мајкл почина на 53-годишна возраст, а јавноста сеуште е шокирана од ненадејната смрт на музичарот.
Тој почина од срцев урдар во неговиот дом, каде беживотното тело го пронајде неговиот партнер, Фади Фаваз.
По смртта на Џорџ во јавноста за прв пат се појавија информациите дека тој пред 18 месеци бил на рехабилитација во најскапата клиника во Швајцарија.
Музичарот престојувал во болница во близина на Цирих, каде една недела чини 80.000 евра.
Инаку Џорџ Мајкл во клиниката бил еден месец, каде платил речиси 300.000 евра.
Џорџ никогаш не зборуваше јавно за неговата рехабилитација, но блиски пријатели до него сега откриваат дека тој со години се борел со депресија.
Ситуацијата ескалирала кога значително се здебелил и многу бил разочран од својот изглед.
Проблемот со килограмите е јасно видлив и на последната фотографија направена од пејачот во месец септември.