Тригодишна Британка е вистински гениј: Малата Офелија има коефициент на интелигенција 171, повисок и од на Ајнштајн

3-годишната Британка Офелија Морган има коефициент на интелигенција 171 и неодамна станала член на “Mensa”, но се поставува прашањето како е да се има дете кое е природно надарено.

Почнало кога имала околу 8 месеци. Првиот збор го кажала неколку месеци пред вообичаеното време и тогаш почнало се. Набрзо знаела бои, букви, бројки…Многу порано од останатите деца, вели нејзината мајка Натали Морган.

Кога имала 2 години, Офелија, нивното прво дете, ја знаело азбуката на памет. Родителите знаеле дека нејзиниот ум е над просекот, но додека не отишла во градинка не знаеле колку е понапредна од останатите деца. Одлучиле да ја одведат кај психолог кој работи со надарени деца.

“Само сакавме да видиме како можеме да и помогнеме”, вели нејзиниот татко Ден Дју. “Не сакавме да се чувствува како да ја форсираме премногу, но ни да и биде здодевно”.

Офелија потоа направила тест за интелигенција. Просечниот коефициент е околу 100, а повеќето луѓе имаат некаде помеѓу 85 и 115. Резултатот на Офелија бил 171.

“Се загрижив луѓето да не помислат дека константно ја форсираме”, признава Натали.

“Би била горда на Офелија со што и да се занимава, се додека е среќна и здрава”, додава таа.

Таа има повисок коефициент на интелигенција од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг на таа возраст. Лин Кендал, психолог и советник за надарени деца при британска “Mensa”, вели дека овие деца брзо разбираат работи, имаат добро паметење, но и знаат да бидат чувствителни. Како што наведува, таквите деца имаат и жед за знаење, што семејствата тешко можат да го следат.

“Во главно се случува родителите да дојдат кај мене и да кажат – “помош, ова дете на престанува да поставува прашања и да учи””, наведува Кендал. “Тие деца почнуваат во пет наутро и не сопираат се додека не одат на спиење”.

Таа истакнува и дека многу родители имаат големи очекувања од децата во тие ситуации, на што таа се противи. Нејзиниот син, кој сега има 36 години, исто така бил надарено дете. Напишал книга и работел за “Microsoft”, што била работа од соништата за него кога бил мал. Како што вели, секогаш внимавала нејзиниот син да се занимава со најразлични активности.

Иако мозокот на тие деца работи со брзина на светлината, нивните тела и емоции и натаму се детски и секогаш треба тоа да се има на ум, вели таа.