Трик со кој веднаш ќе престанете да икате – поефикасно од вода

Ако почнавте многу да штуцате, па не ви помогна ни вода да престанете, има еден лесен начин да го сопрете ова и тоа од кујната.

Напијте се газиран сок.

Земете неколку голтки, па направете и гаргара и веднаш ќе престанете.

Икањето претставува несакана и неконтролирана контракција на дијафрагмата, која може да се повтори неколку пати во текот на една минута. Контракцијата е проследена со ненадејно затворање на гласните жици, што резултира со карактеристичен звук.

Иако самиот звук често предизвикува смеа меѓу присутните, икањето знае да биде непријатна и иритирачка појава, особено кога се повторува подолго време. Во најголем дел од случаите, икавицата запира по само неколку минути.

Најчести причини за појавување на икавица се:

Пребрзо јадење или прејадување;
Силни емоции како страв, вознемиреност, радост или еуфорија;
Јадење на сува или зачинета храна;
Промена на температурата во стомакот – пиење на ладен пијалак веднаш по топол пијалак;
Консумирање алкохол во големи количини;
Силно смеење.