Трикови за полесен авионски лет со дете

Најчесто се претпоставува дека авионскиот лет може да претставува вистински стрес за за децата.

Следните совети ќе ви помогнат патувањето да го направите побезбедно за вашите деца:

Ниско ниво на влажност во авионот и сушење на носната слузница.

Користете солени капки за нос кои ги има во аптеките и повремено капнувајте во носот.

Пад на притисокот, грчеви и болка во ушите

Капки за нос пред тргнување, како и користење повеќе течности за време на летот. Може да се пие обична вода, а доколку патувате со бебе, пожелно е и доење.

Гласно зуење на турбините и бучава од моторот

За да ја намалите бучавата, користете обичен памук или тампони за уши.

Гадење од патување кај деца постари од една година

Триесетина минути пред слетувањето, потребно е да се земе лек, а исто така пожелно е и да се лиже парче лимон и да се пие вода во мали голтки.

Отсуство на детско мени во авионот

Најпрво треба да се направи проверка на веб страните на авиопревозниците дали обезбедуваат храна за бебиња и однапред да се резервира. Ако немаат таква понуда, можете самите да понесете храна.

Вируси и бактерии кои би можеле да се појават поради согорувањето на гориво во воздухот

Со цел да се спречи нивна појава, потребно е на децата да им се дадат антивирусни лекови.