Свадбата на Мишел Ховард од најубавиот ден во нејзиниот живот, за неколку минути се претвори во најтажниот.
Нејзиниот татко Тим, почина само неколку минути откако го одигра свадбениот танц со својата ќерка.
Неговата сопруга Џени, реши преку Фејсбук да ја раскаже случката за да ги предупреди сите луѓе кои ги игнорираат знаците кои им ги дава телото кога нешто не е е во ред со нив.
„Тој беше најдобра душа која ја познавав. Со денови не се чувствуваше добро, но мислеше дека е поради возбудата за венчавката на Мишел. Одбиваше да оди на доктор за да не не загрижува. Посакувам да отидеше“, стои во дел од тажната порака.