Поп-дивата Мараја Кери доживеа дебакл на дочекот на Новата година во Њујорк.
Ѕвездата пред публиката на „Times Square“ пееше на плејбек, а нејзиниот настап се пренесуваше во живо на телевизијата „ABC“.
И не само тоа, на Мараја не и појде од рака ниту на плејбек да ја отпее песната како што треба, бидејќи освен што не можеше да го фати ритамот, пејачката не успеа ниту да ги погоди зборовите на песната.
По фијаското Мараја се пошегува на Инстаграм велејќи:
„Глупости се случуваат. Ви посакувам многу среќа и здравје во Новата 2017. Ќе ме има уште повеќе на насловните страници во 2017.“
Од друга страна, менаџерката на Мараја го обвинила водителот Дик Кларк, во рамките на чијашто емисија Мараја настапила, дека намерно го саботирал настапот на пејачката за да ја крене гледаноста на емисијата.
„Нејзините слушалки не работеа, не можеше да ја слушне музиката, а никој од продукцијата на шоуто не сакаше да и помогне. И кога им зборуваше дека нешто не е во ред, тие ја игнорираа. Немаше да и дозволам да настапи да знаев дека вака ќе ја саботираат. Се намерно направија“, рекла менаџерката на Мараја.