„Центар Бар“ е новиот урбан локал на главниот град

На старото место на McDonalds,во Центар,на Рекорд вчера се отвори место кое е пријатно,поинакво и фраерско.

Ентериерот не потсетува на шаблонските амбиенти што ги ниди градот,а со големата инвестиција пазено е на секој квалитетен детал во објектот.

Центар Бар се разликува од другите места по тоа што тука се служи првото Свежо,точено пиво, „Наше Македонско“,непастеризирано,без адитиви и дополнителен СО2,директно од танкер. Правено по Германска рецептура.

Центар Бар нуди и доручек,закуски и сендвичи,а просторот е компатибилен за секаков тип на уживање.

Оваа инвестиција е поддржана од Кожувчанка ДОО и Стопанска комора на Р.Македонија, па така вчера, на официјалното отварање на Центар Бар,се обратија г-дин Митко Јанчев и г-дин Бранко Азески.

Исто, честа да го отвори локалот беше и на Германската амбасадорка во Р.М. која го поздрави овој потег да и Скопје стане град кој ќе има вистинско,точено,свежо пиво исто како што е традицијата во Германија.

Ако сакате добра атмосфера, пријатен амбиент, супер закуски и одлично пиво, и сето тоа за досега најдостапни цени во Скопје,дојдете во Центар Бар.