Цеца и Чола дел од хонорарите ќе ги донираат за поплавените семејства

Светлана цеца Ражнатовиќ и Здравко Човиќ дел од хонорарите што ќе ги добијат од настапите што во наредните денови ќе ги имаат низ Македонија, ќе ги донираат за полавените жители од Скопско.

Здравко Чолиќ ќе настапи на Штипската пастрмалијада, што ќе се одржи одржи од 16 до19 септември.

А, Цеца ќе настапи во Македонска Каменица, по повод Денот на рударите на 28 август.

цеца

„Договорно е да се донираат дел од хонорарите, а пејачите сумите ќе ги објават сами. Јоксимовиќ најави и дека парите од концертот што ќе го има во декември во Скопје целосно ќе ги донира за настраданите од поплавите“, вели Кристијан Стефановски, од продукциската куќа „План Б“, која ги организира концертите.

Колкави се хонорари што пејачите ќе ги добијат за настапите за настапите не се открива, но во јавноста се шпекулира за суми од 50.000 до 80.000 евра.

здравко чолиќ