Цеца Ражнатовиќ на Велигден донираше половина милион динари, односно нешто помалку од пет илјади евра за манастирот Рајиновац кај Гроцка.
Токму тука фолкерката заедно со сестра и Лидија и зетот Предраг Оцколјиќ го дочека најголемиот христијански празник.
„Цеца е еден од најголемите добротвори на православниот храм. Таа редовно не посетува, доаѓа на литургии, дарува, но никогаш не сакала за тоа да се говори. Таа прави добро и добро ќе и се врати“, вели извор од црквата за српски „Телеграф“.
Цеца постела за време на целиот пост, па со задоволство го прифатила повикот да присуствува на велигденската вечера што била организирана по литургијата.