Каде се ближи 18-от роденден на Анастасија Ражнатовиќ. медиумите секојдневно пишуваат за журката на годината.
Помеѓу сите шпекулации се шушкаше дека Цеца ќе и даде 12.000 евра за фустан на својата ќерка.
Но, пејачката го демантираше ова во емисијата „Премиера“, велејќи:
„Се трудам да внимавам на зборовите кога им се обраќам на новинари. Имаше приказна дека Анастасија ќе носи фустан од 12.000 евра. Да, и се допадна тој фустан, но јас никогаш не би и дала толку пари за облека. За тие пари може да купиш кола и да ја возиш 10 години. Се пишуваше и дека роденденската забава ќе чини 30.000 евра, но јас не знам колку ќе чини бидејќи немаме ништо официјално потпишано и заклучено. Единствено што имаме договорено е сала и музика, немаме ни гардероба“.