За време на одморот во Кипар, Цеца Ражнатовиќ дознала дека нејзиниот татко е притворен.
Слободан Величковиќ (67) бил задржан во притвор бидејќи во четвртокот напладне бил запрен од полицијата и фатен дека вози во алкохолизирана состојба, пишува српски „Ало!“.
При контрола на возачите, полициска патрола запрела бел автомобил недалеку од автобуската станица во Житораѓа, зад чиј волан бил таткото на Цеца.
На сообраќајците им било сомнително однесувањето на возачот, па побарале да направи алко-тест.
Меѓутоа, тој одбил, па полицајците биле принудени да го одведат во полициската станица. Величковиќ во четвртокот бил задржан до еден часот по полноќ, по што бил пуштен дома.
Кога го контактирале Слободан Величковиќ за да добијат коментар за притворањето, тој им рекол дека „ништо немаше, тоа се глупости“, пишува „Ало“!
Инаку татко и на Цеца во 2012 година поминал една ноќ во полиција откако предизвикал сообраќајна несреќа. Бил задржан за да се отрезни откако било утврдено дека вози со 1,22 промили алкохол во крвта.
Во инцидентот немало повредени.