Туристи, внимавајте кога изнајмувате апартмани! Еве што може да ви се случи!

Даг Хамилтон од Ирска останал во шок кога открил што се наоѓа во часовникот во апартманот кој го изнамил со својата девојка во Торонто каде престојувале.

Двојката по доаѓањето во град цел ден била во обиколка, а во апартманот дошле дури вечерта. Апартманот кој го изнајмиле преку страницата Airbnb се чинел идеален за нивната посета на Канада, но веќе по 20 минути престој во него сфатиле дека треба веднаш да заминат.

Даг лежел на креветот кога погледнал во дигиталниот часовник и забележал нешто чудно на него. Часовникот бил споен со жица, налик на полнач за телефон што веднаш му разбудило сомнеж во него.

-Се чувствував чудно и при самата помисла на тоа си реков да не сум луд. Но нешто не ми даваше мир. Го извлеков полначот и ја видов литиумската батерија од задната страна. Разгледувајќи ја малку предната страна на часовникот, забележав дека внатре се наоѓа камера – раскажа овој Ирец кој своето искуство го сподели и на социјалните мрежи.

Многу млади двојки или друштва ја користат можноста за евтини летови до одредени дестинации во светот и престој во изнајмени станови по ниски цени, па затоа не е лошо да внимаваат и на овој момент дека некој ги снима и следи, а можно е нивни интимни видеа да завршат по различни страници на интернет, секако без нивно знаење.