Турски фолк пејач тврди дека Адел му е ќерка

Турскиот пејач Мехмет Асар тврди дека и е татко на британската ѕвезда Адел.

Како што тврди Мехмет, тој имал афера со мајката на пејачката во јули 1987 година, а Адел се родила идната година во мај.

Асар тогаш работел како таксист во Бодрум каде ја запознал мајката на Адел која била медицинска сестра.

Адел - татко

Тие двајца имале двонеделна врска, по која мајката на пејачката се вратла во Англија.

„Пени се враќаше во Бодрум неколку пати после нашата афера. Денот кога бев со неа се поклопува со раѓањето на Адел“, изјавил Мехмет за медиумите.

Тој исто така изјавил дека Адел од него го наследила талентот за пеење и дека многу си личат.