Тужба од 150 милиони долари: Меланија Трамп ги тужи „Daily Mail“

Адвокатот на првата дама на САД, Меланија Трамп поднесе тужба против британскиот “Дејли мејл” поради неговата статија дека таа била платена да придружува мажи во 90-тите години.

Меланија бара од компанијата “Мејл медиум”, надомест од 150 милиони долари за нанесени морални штети.

Во тужбата, поднесена во судот во Њујорк од адвокатот на Мелани, се вели дека тврдењата на “Дејли мејл” се злонамерни и нанесуваат штета на првата дама.

Судот таму ги отфрли обвиненијата против британскиот медиум со образложение дека случајот географски е надвор од негова надлежност.