Познатиот актер Раде Шербеџија е уапсен минатата недела во Калифорнија поради возење во пијана состојба.
Како што пренесува порталот „ТМЗ“, Шербеџија е приведен откако полицајците воочиле дека неговото возило не се движи како што треба.
Малку фалело Шербеџија со својот автомобил да оштети паркирани возила. Кога го застанале полицајците во автомобилот пронашле отворено шише виски, а како што се наведува тој бил видно пијан.
При алкотестирањето било утврдено дека познатиот актер во крвта имал поголема количина на алкохол од дозволената, по што бил однесен на трезнење. Шербеџија после неколку часа е пуштен од притвор со кауција.
Актерот не се огласува по повод овие наводи.